Во организација на Домот на културата од денеска до 9 октомври, со пригодни активности во Гевгелија почна одбележувањето на Светската недела на детето и денот на учителот.

–Денеска на одделенскиот час наставниците ги едуцираа учениците со истакнување на одредбите од Конвенцијата за правата на детето, со давање свечена заклетва првачињата беа примени во Детската организација и беа организирани различни културно уметнички активности како и посети на општински институции,велат од основните училишта.

Од Домот на културата во Гевгелија информираа дека претпладнево почнала проекцијата на првиот македонски долгометражен филм за деца „Стела“ кој ќе се прикажува секој ден заклучно со 7 октомври, додека театарската претстава за деца „Куферко-светскиот патник од Македонија“ ќе биде прикажана на 9 октомври во големата сала на Народниот театар во Гевгелија.