Еколошка акција беше спроведена во дворот на основното училиште „Ацо Шопов“ во Радишани. Таму почна да функционира фитнес на отворено.

Станува за збор за убаво урбано спортско-рекреативно катче, по светски стандарди, слободно за користење од сите млади од општината.

Од Општина Бутел потенцираат дека чистата животна средина и чистите училишни дворови за младите се нашиот постојан приоритет.