Денешната прес-конференција ја одржуваме на местото пред автобуската постројка, која моментално е блокирана со бекатонски плочки. Наместо да се работи цели 4 години, општината во тек на кампања изведува работи и го блокира функционирањето на градот.
Денеска ги објавуваме мерките поврзани со дигитализацијата.
Советниците во општина Куманово се за жал меѓу најплатените во државата, а резултатот кој го даваат е речиси никаков. Затоа иницираме намалување на паушалите на советници за 6000 денари! Просечно на годишно ниво би заштедиле повеќе од 2 милиони денари, што ние би можеле да ги инвестираме во продуктивни цели.
Воведуваме free wifi зони и интернет во јавен превоз.
Поставуваме електронски туристички-информативни мапи низ Куманово и електронско означување на автобуските постројки, возниот ред и местото за таксињата. Пред секоја постројка мора да има електронска табла со возен ред.
Општината јa носиме на отворено, општина поблиску до граѓаните. Затоа предлагаме неделно еднаш средба на претставници на општината со граѓаните. Администација која е поблиску до граѓаните, која работи во интерес на граѓаните, а не за свој, личен интерес.
Правиме е – општина: дигитализирана, транспарентна и отчетна!
Целосната програма е достапна на www.zateodora.mk.
Ние на овие избори настапуваме под број 2, во склоп на коалицијата „Одлучно за промени“, ДОМ и ЛДП, заедно со листа на кандидати за советници.