Нашиот Карпош не е само територија, нашиот Карпош се вредностите што ги граделе многу генерации во изминатите четири и пол децении. Нашиот Карпош е симбол на развојот на постземјотресно Скопје, симбол на солидарноста, заедништвото и хуманоста.

Ние, карпошани, имаме обврска да продолжиме да ги развиваме тие вредности и гордо да ги пренесуваме на идните млади поколенија. Нашиот Карпош е интелектуален, економски, социјален и еколошки двигател на Градот Скопје.

Одлучни сме целосно да го искористиме овој потенцијал преку поставување и одржување на уште повисоки стандарди на хумано и планско урбано живеење.

Запознајте се со деталните планови предводени од кандидатот за градоначалник на Општина Карпош и петте столба на кои се потпираат следните 4 години.

Петте столба на кои се потпира нашата програма:

1. Хумана урбанизација

· Градење плански со заштита на јавниот интерес согласно со уставните принципи за хумано живеење и почитување на приватната сопственост;

· За секој квадрат нов бетон ќе има двојно повеќе зелени површини;

· Не може да има нови градба без соодветно сообраќајно решение и доволно паркинг-места.

2.Зелена агенда

· Во овој мандатен период да се заврши терцијарната мрежа за гасификацијата да стигне до домовите на граѓаните;

· Инвестирање во алтернативни извори на енергија;

· Фотоволтаици на покривите на јавни објекти;

· Изградба на модерни депонии што ќе го преработуваат отпадот во енергија;

· Субвенции за електрични тротинети, велосипеди...

3.Економски развој

· Инвестиции од централната власт;

· Промена на даночни политики за сопственици на повеќе недвижности – најавата на Град Скопје за зголемен данок за недвижности што не се користат;

· Сервисирање долгови, укинување на парафискални давачки, социјални трансфери;

· Поддршка на претприемаштвото и отворањето нови бизниси преку микромапирање на потребите на граѓаните во одреден реон, маало…

4.Мој градоначалник

Дигитален систем за непосреден контакт на градоначалникот и советниците со граѓаните и постојана, брза, ефикасна размена на информации за услуги од надлежност на локалната самоуправа, соработка со НВО-секторот и партиципација на нивни претставник во кабинетот на градоначалникот.

5.Инфраструктурни инвестиции – Држава без кал

· 80 милиони евра преку Светска банка што ги реализира МФ за изградба на локални патишта;

· 45 милиони и ТАВ за водоводна и канализациски мрежи во општините;

· Атмосферска канализација;

· Реконструкција на полски патишта;

· Изградба на велосипедски патеки.

Душко Весковски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош од СДСМ и Коалицијата “Најдоброто за нашата општина”