Оновниот суд во Приштина го прогласи за виновен поранешниот срски полицаец, Горан Станишиќ, за убиството на 13 цивили Албанци во војната во Косово во 1999 година и го осуди на 20 години затвор, објави невладината организација „Заклетва за правда“.

Специјалното обвинителство на Косово во обвинението наведе дека обвинетиот Горан Станишиќ, како припадник на резервните полициски сили на Министерството за внатрешни работи на Србија, во април 1999 година, во селата Слови и Трбовц, учествувал во иселувањето на албанското цивилно население и извршување убиства и други незаконски дејствија.

Неговите постапки беа дел од голем и систематски напад на српските паравоени и полициски сили против албанското цивилно население, се наведува во обвинението.

Бранителот на обвинетиот во завршните зборови, Љубомир Пантовиќ, ги доведе под знак прашање кредибилноста на сведоците.

Тој рече дека сведоците не го навеле името на обвинетиот во ниту едно од нивните сведочења.