Во изборната програмата на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Илинден, Александар Георгиевски, е предвидена изградба на нов здравствен дом во таа општина.

Во новиот здравствен дом, кој ќе се изгради со средства од општината, покрај основната здравствена заштита е предвидено да има и 24 часовна дежурна служба, како интернист, гинеколог, педијатар, лабораторија и сл. Дополнително, во новиот здравствен дом предвидуваме и отворање на школска амбуланта, а за сите првачиња од Општина Илинден при нивниот упис во првото одделение предвидуваме бесплатен стоматолошки и офталмолошки преглед, соопштија од партијата.

Друг голем проблем со кои се соочуваат жителите на Општина Илинден е состојбата со брзата помош, поточно фактот што понекогаш мораат да чекаат долг период до пристигнување на амбулантните возила. За таа цел, предвидуваме и набавка на ново амбулантно возило за потребите на Брзата помош, за давање на итна помош на жителите на Илинден. Поради издржаната програма, во која се предвидени проекти во сите области кои се од ингеренција на локалната самоуправа, програма која е реална и остварлива, а нуди развој и напредок, на 17 октомври жителите на Илинден својата поддршка ќе ја дадат на Александар Георгиевски и листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија", стои во соопштението.