Кандидатот за градоначалник на општина Тетово, Вулнет Мурсели денеска се сретна со членовите на Здружението на пензионери на Тетово, се наведува во партиското соопштение.

Тој рече дека тие целиот свој живот и го посветиле на Тетово и колку и да се трудиме за нив, тоа никогаш не може да се поистовети со нивниот придонес.

Тој ги посети членовите на Здружението на пензионери каде тие го поминуваат своето време.

„Денес се сретнав со членовите на Здружението на пензионери каде разговаравме за многу работи што имаат врска со нив. Тие се нашите родители, баби и дедовци, заслужуваат најголемо внимание и грижа. Ви благодариме за се што направивте за нас ", рече кандидатот за градоначалник на општина Тетово, Вулнет Мурсели.