Дефекти ги оставија без вода жителите на село Марена, како и жители на улици во Кавадарци и во Неготино.

– Поради дефект на водоводна линија без вода за пиење ќе останат граѓаните на улиците „Фердо Росомански“, „29 Ноември“ и село Марена до 15 часот, велат од ЈП Комуналец Кавадарци.

Од ЈП Комуналец Неготино информираат дека без вода се потрошувачите од улиците: „Даме Груев“, „Ило Виларов“, „Христо Ботев“ и „Ленинова“.

– Поради дефект на улична водоводна линија, овие корисници ќе имаат прекин во водоснабдувањето до отстранување на дефектот, велат оттаму.

Од комуналните претпријатија, молат за разбирање.