Премиерот на Косово, Албин Курти, потврди дека ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во рамките на самитот на лидерите на Европската унија со политичките лидери на земјите од Западен Балкан, што се одржува денес на Брдо кај Крањ, соопшти белградската агенција ФоНет.
Курти им изјави на новинарите дека ќе се сретне со Вучиќ за време на паузата на двете сесии на самитот и дека на состанокот ќе присуствуваат германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон.
-Србија не го признава Косово, Косово не ја признава Србија, а имаме потреба од договор, изјави Курти, нагласувајќи дека „европските фондови не одат без европски вредности“.