Градската библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија е организатор на есенскиот Саем на книгата во чии што рамки до 9 октомври се претставуваат издавачките куќи Култура,ТРИ и Феникс кои на гевгеличани им ги нудат своите најнови изданија од повеќе литературни жанрови.

Книгите се изложени на штандови на отворено под столетниот јавор на просторот пред градската библиотека во Гевгелија и може да се разгледуваат и купуваат во времето од 8 до 20 часот.

-За сите љубители на книгата од општина Гевгелија ова е одлична можност да си купат книги по намалени цени и поволни услови.На читателите им се нудат дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна, научна и белетристичка литература, велат организаторите на есенскиот Саем на книгата во Гевгелија.