Модерен, стандардизиран и безбеден пат е основа за развој на туризмот и угостителството на Баба планина, затоа покренувањето на иницијатива за целосна реконструкција на патот од Битола до хотел Молика ќе биде еден од приоритетите на „Поинаку" .

Во соработка со Националниот парк Пелистер ќе работиме на развој и промоција на планинскиот туризам преку целата година, бидејќи нашата планина располага со уникатни можности и убавини, кои доколку се искористат правилно можат да бидат еден од главните извори на економски бенефит за градот.

Развојот на планинарењето, зимските спортови и планинскиот туризам на Пелистер не можат да се замислат без конечна реконструкција на планинарскиот дом „Копанки", а сето тоа треба за започне со решавање на проблемот помеѓу сите завојувани страни.

Во убавините на Битола, Баба планина и Пелистер треба да уживаат сите, со подобрени услови и одлична промоција тоа ќе го овозможиме на голем број туристи.