Без разлика на возраста, сите заедно треба да создадеме услови за Ѓорче да биде посакувано место за живеење, потенцира Јаневски.
Кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров од Движењето „Одлучно за промени" Љупчо Јаневски заедно со носителот на листата Бојан Петровски и дел од кандидатите за советници, денеска имаа повеќе средби со повозрасните жители на општината на кои граѓаните од третата доба ги посочија проблемите со кои се соочуваат.
-Грижата за нашите граѓани е приоритет, затоа во нашата програма предвидуваме нов пензионерски дом во Ѓорче Петров, бесплатни простории во месните заедници за пензионерите, финансиска поддршка за Клубот на пензионери во Ѓорче Петров, месечна бесплатна посета од стручни лица за основни здравствени прегледи, создавање на општинска мрежа од волонтери кои ќе се грижат за потребите на повозрасните граѓани во општината, како и Дневен центар за стари и изнемоштени лица, порача Јаневски на средбите.
Тој нагласи дека квалитетот на живеење во Ѓорче Петров е нивниот главен приоритет.
-Без разлика на возраста, сите заедно треба да создадеме услови за Ѓорче да биде посакувано место за живеење, потенцира Јаневски.