Граѓаните на Куманово, вечерва од пред храмот на спортот – комплексот Соколана, каде годинава почна првата фаза од реконструкцијата, ја испратија пораката дека Максим Димитриевски е идниот градоначалник на општина Куманово.
Независниот кандидат Димитриевски преку неговиот чесен и искрен пристап за развој на општината ги обедини сите и сè поголем број граѓани се приклучуваат на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“.
Огромен број граѓани од различни националности, вери и партиска припадност на вечерашниот собир му изразија почит и поддршка да истрае во идејата за модерно, слободно, чисто и европско Куманово.