Пред споменикот во село Кленоец денеска беше одбележана 78-годишнината од „Македонската Кадињача", битката кај Кленоец, каде загинале 67 борци и 30 локални жители.

На одбележувањето присуствуваа претставници од Здружението на сојузот на борците од Кичево, претставници од месните заедници од селата Кленоец, Иванчишта и Попоец, претставници од општините Охрид и Дебарца, од каде во оваа битка загинале голем број на борци и почитувачи на оваа епопеја.

После полагањето на букети свежо цвеќе пред споменикот од страна на присутните делегации, се обрати претставникот на месната заедница од село Кленоец , Живко Сталески.

– Наша задача е да ги потстетуваме и поттикнуваме идните генерации, да не ги заборават и секогаш да им оддаваат почит на оние кои со својата храброст и крв, младост и живот ја пишуваа нашата бурна историја и ја градеа нашата татковина Република Македонија. Ова село овој настан, стана легенда на нашата историја, битката од 6 октомври е битка за која вечно ќе кажуваме ние и нашите поколенија за патриотите, за јунаците кои несебично ги дадоа своите животи за слобода на нашата татковина, истакна претставникот на месната заедница од село Кленоец, Живко Сталески.