Кандидатот за градоначалник на ГРОМ за општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска промовираше уште еден проект од својата програма. Тој најави дека негов приоритет ќе биде заштитата на најмладите.

Планирана е изградба на четири нови градинки и проширување на капацитетите на сите постоечки градинки се со цел да се обезбедат доволно места за сите деца кои во моментот се на листа на чекање, а станува збор за 800 деца од општина Карпош.

– Во моментот преку осумстотини деца чекаат на упис во градинките во општина Карпош. Тоа е цела бригада и тоа е недозволиво. Прв приоритет треба да ни биде изградба на нови градинки во општина Карпош. Планирани се четири нови градинки, меѓу кои една во Средно Нерези. Сметам дека исто така во сите градинки треба да се додадат по две три занимални за да во најбрз временски период ги сместиме сите деца. Ниедно дете не смее да ни остане надвор од детската заштита, нагласи Јакимовски.