Најголем дел од градот Делчево и околните населени места веќе трет ден се без вода за пиење.

Револтирани граѓани за денеска најавуваат протест пред зградата на комуналното претпријатие, на кој како што велат ќе побараат одговор од надлежните до кога ќе трае долготрајниот прекин во водоснабдувањето.

На оваа тема со обвинување до директорот на претпријатието Стојче Стојчевски на прес-конференција излегоа и од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, од каде велат дека во време на пандемија трагично е што граѓаните на Делчево крајно неодговорно се оставени без вода за пиење.

Во телефонски разговор за МИА, директорот Стојковски истакна дека очекува водоснабдувањето во текот на денешниот ден да биде нормализирано. Како главна причина за прекинот на водоснабдувањето тој го посочи дефектот на главниот доводен цевковод помеѓу село Стамер и населбата Звегорска Река.

Во меѓувреме граѓаните вода за пиење обезбедуваат преку алтернативни извори и бунари.