Без вода денеска од 9:40 часот се корисниците од скопските улици „Малешевска“, „Аилска“, „Андреја Петковиќ“ и „Бранко Заревски“.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка ф-2“ на улицата „Јустинијан Први“ бб.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.