Отстранет големиот дефект на доводниот цевковод помеѓу село Стамер и делчевската населба Звегорска Река.

Поради комплексноста на дефектот за негово отстранување како што информираа од ЈКП „Брегалница" било потребно повеќе време.

-Поради опасноста по вработените заради обрушување на ровот кој беше со длабочина од 4 метри не се работеше ноќе. Од утрово повторно интензивно се работеше и по завршувањето на работите водата од филтер станицата во Тработивиште е пуштена, по што се очекува до пладне да биде нормализирано водоснабдувањето во Делчево, истакнаа од ЈКП „Брегалница".

Дефектот на главниот цевковод настана во вторник, поради што во изминатите два дена без вода за пиење беа жителите од повисоките делови на Делчево.