Неготинскиот Црвен крст распиша конкурс за обука за лични асистенти на лица со попреченост.
– Ги повикуваме сите заинтересирани лица, кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат, да аплицираат во периодот од денеска, 07 октомври, се до формирање на група, рекоа оттаму, појаснувајќи дека заинтересираните кандидати можат да се пријават преку телефонски броеви, електронската адреса, или директно во просториите на Црвен крст Неготино.
Нагласија дека кандидатите треба да се државјани на Република Македонија, да имаат над 18 години, да имаат општа психо-физичка способност за работа, да имаат завршено средно образование и да бидат мотивирани за работа со лица со попреченост.