Нашите приоритети се Штип да биде зелен, убав и урбан град со многу паркови и зелени површини.

Затоа во нашата програма предвидуваме

Шумата кон Мирјанина црква, позната по огромните диви депонии и сечата на дрвја, уште во првите 2 години од мојот мандат, да ја претвориме во огромен парк за спортување, рекреација и одмор. Овој градски парк ќе изобилува со урбана опрема и други содржини, а истиот ќе го чува месното население, при што ќе ја ликвидираме сечата на дрвја, а ќе ја подобриме економската и еколошката состојба во овој дел од градот.

Во населбата Баби, ќе ги подобриме условите во постоечкиот парк и ќе ги унапредиме детското и спортско игралиште со дополнителни содржини.

Покрај бањата Кежовица, просторот ќе го искористиме за создавање на парк за одмор и рекреација и тоа место ќе го претвориме во убава, зелена површина, атрактивна за жителите и посетителите на бањата.

Но, овде нема да застанеме!

Во секоја населба во нашиот град, ќе направиме повеќе од 20 паркови и зелени површини, во кои граѓаните ќе имаат можност да се рекреираат, да одмараат и да го поминат своето слободно време, а Општина Штип, заедно со граѓаните интензивно ќе работи и на збогатување на бројот на локалните шуми.

Затоа новата иднина пред видува ваков Штип!