Новата локална самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Битола ќе изгради нов објект, нова современа противпожарна единица, изјави кандидатот за градоначалник Тони Коњановски.
Според Коњановски, луѓето кои се грижат секојдневно, кои го ризикуваат својот живот за нашето здравје, за нашата безбедност, за нашите домови заслужуваат најсовремени услови за работа.
– Битолските пожарникари заслужуваат современа зграда по сите стандарди за противпожарна дејност, заслужуваат опрема и лични заштитни одела за сигурност при гаснењето пожари. Ветувам дека ќе изградиме нов објект – современа противпожарна станица, во кругот на Касарната, опременa по сите светски стандарди и дека ќе набавиме нова заштитна опрема за битолските пожарникари, интервентни одела за пожарникарите во ТППЕ Битола, како и набавка на две возила за справување со шумски пожари со цел заштита на НП Пелистер. Нема да дозволиме луѓето кои го ризикуваат својот живот да работат во субстандардни услови, рече Коњановски.
Истакна дека пожарникарите се херои и ја имаат неговата најголема почит.