Туристичко биро, кино на отворено, изградба на саат кула, манифестации од областа на културата, вети на денешната прес-конференција кандидатката за градоначалник од „Одлучно за промени" на ЛДП и ДОМ за Куманово, Теодора Димитровска.
Таа најави и изградба на саат кула и проект „Осветли го Куманово".
– Куманово беше град кој беше познат по насмевката и по весели луѓе. Некако културата и културниот живот во Куманово како да се изгубија. Живееме постојано во сивило. Затоа, ние во нашата програма предвидуваме со насловот „Осветли го Куманово" најпрвин да се сменат сите светилки во Куманово за градот да живне, а потоа на секоја од улиците да се ставаат свирачи, пејачи, како и други глумци и уметници коишто ќе ја вратат сликата на весел град, рече Димитровска.
Таа информираше дека во програмата е превидено и градење на саат кула како вистинско обележје на градот, во која ќе биде сместено туристичко биро, каде посетителите ќе се информираат за културните и историските знаменитости. Во програмата на „Одлучно за промени" за Куманово, предвидена е и организирање на месец на „Белата ноќ во Куманово".
Димитровска додаде дека е предвидено и отворање на кино на отворено на Спомен костурницата во летниот период.