На 07.10.2021 околу 01.30 часот на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Х.С.(25) од Скопје, затоа што бил затекнат како на трафостаница лепи плакатати од политичка партија и со спреј пишува на штаб на политичка партија. Тој бил приведен во полициска станица и му бил одземен спрејот со кој пишувал. Против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 05.10.2021 околу 22.40 часот на ул.„Ѓоре Органџиев“ во Велес, полициски службеници ги лишиле од слобода Б.Н.(25) и Љ.П.(34), двајцата од Велес, затоа што биле забележани додека кинеле плакати на кандидат за градоначалник на Велес. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.10.2021 во 08.50 часот во СВР Куманово, градоначалникот на општина Ранковце пријавил дека банерот со пропаганден материјал за предизборната кампања, а кој бил поставен на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, бил откачен од бандерата и фрлен на земјата. Се работи на расчистување на случајот.
На 06.10.2021 во 23.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека З.П. од с.Градец, кривопаланечко, одзел рекламен банер од кандидат за градоначалник на Крива Паланка поставен на ул„Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка. По овластување од ОЈО Куманово, увидна екипа од ОВР Крива Паланка излегла на местото и бил извршен разговор со З.П., кој изјавил дека по извршената ждрепка на Општинска комисија за утврдување на определени локации, било предвидено да биде поставен банер од неговата партија, а не од партијата што претходно поставила банер. Симнатиот банер бил пронајден кај него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.