Нашата програма предвидува изградба и зголемување на капацитетите на градинките, на 3 локации во нашиот град:

Ќе изградиме детска градинка помеѓу населбите Пребег и Железничка, каде ќе се создаде можност да се згрижуваат децата не само од овие населби, туку и од населбите Македонка, Балканска и Чардаклија.

Во населба Три Чешми, ќе го реализираме сонот на сите жители и за децата до 6 годишна возраст ќе адаптираме просторија во подрачното училиште, со што ќе обезбедиме згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст.

Предвидуваме зголемување на бројот на занимални во градинката во населба Баби, кое ќе помогне на многу родители да обезбедат здрав психо-физички раст и развој на нивните деца.

Наша обврска е да ги обновиме и реконструираме веќе постоечкиот градинки со што ќе ги подобриме условите за сите дечиња од нашиот град.

Ние се грижиме за најмладите!

Новата иднина ќе донесе промени, кои сите долго ги очекуваме!