Темелковски нема да загуби поради тоа што дрвото му сметало на билбордот, туку затоа што нема ништо сработено.

Ќе изгуби затоа што кога ќе ги помеша ароганцијата и нервозата се добиваат панични реакции како што е таа да се сечат дрвјата за да се види билбордот на Темелковски.

Не знаеме што е пострашно, тоа што поради билборд сечат дрвја или што ја нагрдуваат со 20 метарско платно зградата на ПОЦ. Дрвјата се повредни од платното на Темелковски. И дека треба да се знае онаа народната „дрво на дрво не смета“.