Пешачката патека на насипот во Ѓорче Петров е место на кое што многу жители го поминуваат своето слободно време, дали со пријателите, дали со своето семејство, дали со своите со домашни миленичиња.

Но, за жал премногу е очигледно дека на овој простор му треба многу љубов, многу повеќе грижа и му треба многу повеќе работа.

Се обврзуваме дека во наредниот период ќе поставиме многу повеќе канти за отпадоци, ќе поставиме многу повеќе клупи на кои што ќе може да одмараат посетителите на ова место, како и ќе поставиме нови содржини во делот на спорт и рекреација.

Од обете страни на патеката ќе подигнеме и нови дрвореди, а со тоа ќе придонесеме за да ја подигнеме нашата свест за зачувување на животната средина, како и сите заедно да се погрижиме овој простор да стане поубав.