Со потпишување на овој договор за грант од ЕБОР, се овозможуваат услови за изведување на соодветни анализи и студии од големо значење за реализација и изведба на проектот за ПСОВ – Скопје.
Генералниот директор на ЈП „Водовод и канализација" – Скопје, Душко Весковски и директорот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Скопје, Анди Аранитаси потпишаа договор за грант во висина од еден милион евра, обезбеден од фондот на ЕБОР – Канцеларија во Шведска, во рамки на програмата за животна средина и климатски промени.
Како што информираат од претпријатието овие средства врз основа на целосно спроведената процедура и потпишаниот договор се наменети за изведување на FOPIP анализа, односно анализа за подобрување на оперативните и финансиските перформанси за спроведување на големи инвестиции во ЈП „Водовод и канализација" – Скопје, за чија изработка и спроведување се ангажира реномиран консултант, германската компанија „ДЕКОН".
Дел од овој грант е наменет и за изведување на Студија за влез на вода и инфилтрација, во рамки на еколошки – капиталниот проект за изградба на Пречистителната станица за третман на отпадни води (ПСОВ) во Скопје.
– Со потпишување на овој договор за грант од ЕБОР, се овозможуваат услови за изведување на соодветни анализи и студии од големо значење за реализација и изведба на проектот за ПСОВ – Скопје. Во изведбата на овие анализи и студии, учествуваат светски реномирани компании кои ќе го пренесат своето искуство и знаење тука кај нас, што е уште еден доказ дека проектот за изградата на ПСОВ – Скопје е еколошки – капитална инвестиција чие значење како такво е препознаено, не само во нашата земја туку и во Европа, посочи Весковски.