Управата за хидрометеоролошки работи информира дека најмногу дожд има наврнато во Крушево, Пожаране и Попова Шапка.

Според објавените податоци, на овие три места во изминатите 24 часа наврнале 57 литри на метар квадратен.

Облачното и студено време со повремени врнежи од дожд ќе се задржи и за време на викендот и во текот на следната недела. Врнежите повремено ќе бидат пообилни, на места со пороен карактер и проследени со засилен ветер.