Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош Оливер Зафировски денес оствари средба со сопствениците и вработените во трговските претпријатија во трговско-станбениот комплекс Влае.Тој најави сериозна поддршка од Општината за сопствениците на трговски дуќани и деловни простории во наредниот 4 годишен период, како што е и пракса во сите европски градови.

,,Одпрвиотденќеработиме повторнодазаживее овој трговски центар соработилници и едукации, ќеимауличнифестивалии настани. Ќегипрашуваме сите сопственици,штоимтребаодопштината, бидејќиопштината е јавенсервисзасите и мора да им излеземе во пресрет.

Во нашат програма имаме повеќе проекти за поддршка на малиот и средниот бизнис. Ќе го стимулираме развојот на постојните мали и средни претпријатија. Ќе органи¬зираме обуки и работилници на кои фирмите од Oпштина Карпош ќе се едуцираат да приме¬нуваат современи методи и алатки за да го подобрат своето работење и конкурентност. Во согласност со можностите на Oпштината и во соработка со донатори ќе обезбедиме средства за настап на деловните саеми на фирмите што имаат најголем потенцијал за пораст. Со тоа ќе помогнеме за подинамичен развој на малите и среднитe претпријатија.