На прес-конференцијата во Битола Груевски информира за неговиот ангажман како претседател на Советот на Општина Битола.

Коалицијата на ЛДП и ДОМ – „Одлучно" повика масовно да се излезе и да се гласа на локалните избори и битолчани да гласаат за кандидатот за градоначалник Горан Милевски и листата кандидати за советници чиј носител е Валентин Груевски.

На прес-конференцијата во Битола Груевски информира за неговиот ангажман како претседател на Советот на Општина Битола.

-Во изминатите четири години го предводев Советот на Општина Битола, каде директно придонесовме за враќањето на сјајот на Офицерски, обезбедивме средства за изградба на стадионот, ја изгласавме ракометната платформа и го создадовме „Еурофарм Пелистер", кога беше најтешко му помагавме на фудбалскиот клуб, а 100 проценти сме сопственици на кошаркарскиот клуб. Поставена е нова дограма на спортската сала, ограда на „Ќумурно"…нови игралишта во основните училишта „Тодор Ангелевски", „Кирил и Методиј", на Тепсија, а наскоро и гумена подлога во ОУ „Коле Канински", истакна Груевски.

Во овој период, како што рече, докажавме дека може да се работи чесно, без криминал, за граѓаните, а не за џебот, а така имаме намера да продолжиме и во иднина.

-Свесен сум дека секогаш може и повеќе и подобро и затоа во новиот совет за советниците на „Одлучно" првостепен интерес ќе биде градот, а не џебот. Сакам Битола да биде чист град, да бидеме зелен град, да ја подигнеме свеста за заштита на животната средина и да го наградуваме секој оној кој тоа го прави, посочи Груевски од движењето „Одлучно".