Студениот бран што пристигна во Србија, покрај силни ветрови донесе и дожд и студено време, а на Копаоник по првиот снег што падна во средината на септември, сега се забелеа со снежна покривка, јавија локалните медиуми.

Според слики објавени на Фејсбук, снегот не е обилен, но предизвика задоволство кај сите љубители на оваа планина.

Според временската прогноза, утре во Србија ќе биде облачно, студено и врнежливо, а на места и на повисоките планини ќе паѓа снег.