Итно да престане узурпацијата на Охридското езеро за производство на струја, оти последиците ќе бидат страшни, предупредуваат инжењерите.

- Лошо е затоа што останува помалку вода, доколку се испуштаат поголем број на нутриенти пред се на азот и на фосфор, доаѓа до еутрофикација односно забрзано стареење на езерото и до појава на анаеробни услови. За едно 10-тина години според некои сценарија тоа присуство на кислород во подлабоките слоеви каде што има голем број на ендемични организми, би се редуцирала на минимум. Дури се предвидува дека тие поодлабоки слоеви би останале без кислород, што е многу погубно за езерото, вели Ѓоко Зороски инжењер по животна средина, за Алфа

Според директорката на Хидробиолошкиот институт, Орхидеја Тасеска ЕСМ не смее Охридско езеро од природен резерват да го претвора во акумулационен базен.

-Сите тие индуцирани осцилации на нивото на водата од Охридското езеро потпомогнати со ред други причини како што е забрзана еутофикација, деградација на живеалишта, узурпација некотролирана на брегот на езерото, предизвикува нереверзибилни последици врз живиот свет во истото, вели Тасеска.