Територијалната противпожарна единица од Ресен доби донација во опрема и облека од општините Истанбул и Ресен.
Донацијата, како што информира командирот на ТППЕ Ресен, Ристе Илиевски, се состои во работни одела и чевли за пожарникарите обезбедени од градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу и панталони, маици, џемпери и палта, обезбедени од градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски.
– Градоначалникот на Истанбул, Република Турција, Екрем Имамоглу обезбеди 21 работно одело и исто толку пара чевли, а градоначалникот Гошаревски маици, пантолони, џемпери и палта за сите 20 пожарникари во ТТПЕ Ресен, истакна Илиевски.
Со ова се обновува дотраената противпожарна опрема на дваесетмината пожарникари во Ресен.
– Општина Ресен секојдневно работи на подобрување на условите за работа на нашите пожарникари и зголемување на безбедноста при извршувањето на нивните работни задачи, истакна Гошаревски.