Кандидатот за градоначалник на Битола од ВМРО ДПМНЕ, д-р Тони Коњановски, најави дека нова локална самоуправа веднаш ќе почнат со планирање, проектирање и отпочнување со изградба на ново основно училиште во населбата Буковски ливади.
Коњановски обелодени уште неколку проекти наменети за подобрување на условите за квалитетно образование во општината.
Гарантираме, подобрување на условите во основното образование во руралните средини со две монтажни училишта по примерот на училиштата во Крклино и Поешево.
Гарантираме зголемување на капацитетите за згрижување во предучилишното образование, со изградба на градинките во областа Касарна и Нова Битола.
Веднаш пристапуваме кон формирање Центри за детски развој за згрижување на децата во предучилишното образование во поголемите рурални подрачја (Горно Оризари, Логоварди).
Гарантираме еднакви можности за образование на сите – стипендии за ученици и студенти од социјално загрозените семејства во соработка.
Гарантираме вработување на најдобриот студент во генерацијата согласно потребите на локалната самоуправа и останатите нејзини институции.
Ќе инвестираме континуирано во наставниот кадар преку обуки, тренинзи, организирање стручни и научни конференции.
Гарантираме реконструктивни интервенции во сите основни и средни училишта и нивно прилагодување на вонредно настаните услови со Ковид-19 пандемијата, како и обезбедување ИТ опрема за училиштата и таблети за учениците од ранливите категории.
Гарантираме зголемување на бебзедноста на училиштата и градинките со видео – мониторинг и комплетно осветлување, физичко обезбедување и оградување и средување на дворните површини во двете детски градински.
Веднаш започнуваме со донесување Локална стратегија за образование согласно пазарот на трудот и неговите потреби, со активно вклучување на Деловната заедница.
Континуирано ќе водиме кампања за подигнување на свеста кај родителите на децата Роми за важноста на предучилишното, основното, средното и високото образование.
Ќе формираме асоцијација за унапредување на образованието во која ќе членуваат родители, претставници од деловната заедница, наставници, директори, претставници од високото образование.
Гарантираме дека битола ќе биде современ образовен центар! – порачува д-р Коњановски.