Интересот на граѓаните пред сè, бетонизацијата во Охрид да престане, да се фокусираме на туризмот во овој град, порача вечерва од Охрид претседателот на ЛДП, Горан Милевски.
- Ние промовираме кандидати за градоначалници и советници кои се чувари на Општините, токму тие се подготвени континуирано да работат на развојот на градовите и селата. Носител на листата за советници на Општина Охрид е Александар Станкоски, познат адвокат со визија кој досега има овозможено странските инвестиции во хотелиерството за градот. Затоа е важно константно да се грижиме за туристичкиот развој на целата општина, особено во Охрид кој е бисер на Балканот, истакна лидерот Милевски.
Агендата денеска за изборниот караван на движењето „Одлучно за промени“ започна од Општина Дебарца, потоа продолжи во Струга и Охрид, а вечерва е планирано да се промовира кандидатката за градоначалник на Општина Ресен, Весна Миркова и листата на советници со почеток од 20:30 часот. За утре според планот ќе се посетат скопските општини Аеродром и Шуто Оризари.