Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош Оливер Зафировски денес ги посети пазарџиите и граѓаните кои работат и функционираат на пазарот Тафталиџе.

Тие разговараа за условите во кои работат во сите годишни времиња и сите проблеми со кои се соочуваат.

``Пазарџиите се секогаш тука да ни обезбедат органска храна и затоасакам да ги подобриме условите во кои тие работат и функционираат секој ден од неделата, па дури и на празници. Од ова место се заложувам да ги остварам сите мои ветувања кои се предвидени во нашата програма. Вратите на општината ќе бидат секогаш отворени за нив.``

Дополнително Зафировски најави дека ќе биде изграден нов пазар во Карпош.