Пешачката патека во Штип, онаа која го подобри животот на сите нас и која секојдневно позитивно влијае на нашето здравје, конечно инфраструктурно ќе се подобри.

Со нашата програма гарантираме, изградба на паралелна - велосипедска патека покрај постоечката пешачка, со што ќе ја осигуриме безбедноста на рекреативците.

Ќе ја доградиме и продолжиме веќе постоечката пешачка патека, до населбата Караорман и Чардаклија.

Покрај самата патека, ќе дополниме со урбани, спортски и детски содржини, а на истата ќе изградиме и адреналински парк.

Сите љубители на спортското качување, картинг, скејт, ролери, ќе добијат уредени површини, каде ќе уживаат на својот омилен начин.

Нашиот град за четири години го гледам со насмеани и среќни граѓани, затоа што само таква ја прифаќам новата иднина за Штип!