Со положување цвеќе пред спомен бистите на паднатите борци, денеска во Богданци свечено беше одбележан општинскиот празник 10 октомври, денот кога пред 77 години Богданци е ослободено од фашистичките окупатори.
На настанот присуствуваа општински делегации предводени од градоначалникот Блаже Шапов и претставници на боречката организација и продолжувачи на нивното дело, невладини организации и граѓани за да им оддадат достојна почит на загинатите борци за нашата слобода.
– Денеска празнуваме и чествуваме за храброста и делата на сите борци кои ги положија своите животи за слободата. Историјата го забележала овој датум како симбол за градење модерно, мирно и слободно Богданци. Нека ни е честит денешниот ден на ослободувањето на Богданци, како и утрешниот ден на македонскиот непокор, 11 Октомври, рече градоначалникот Шапов