Институтот „АКСИОС“ во периодот од 02.10 до 06.10.2021 година спроведе анализа на јавното мислење на стратифициран примерок во секоја општина/Град Скопје во Република Северна Македонија засебно во однос на демографската средина и бројот на жители во општината/градот Скопје. Анкетата е спроведена на нарачка на „Институтот за Социолошки истражувања, иницијатива ЛОГОС“.

За истражувањето на рејтингот на политичките партии поврзано со локалните избори е спроведено на примерок од 1345 испитаници на територија на цела Република Македонија.

Во последното истражување направено од институтот АКСИОС, видливо е зголемување на рејтингот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од 1 процент наспроти СДСМ и нивната коалиција. Исто така, на анкетата извршена на територија на град Скопје зголемена е предноста за 0.9 проценти на независната кандидатка, Данела Арсовска, пред својот против кандидат Петре Шилегов од СДСМ и коалицијата.

Статистичката грешка на анкетата е околу 2%

Според добиените резултати, независната кандатитка Данела Арсовска води со 18,9% пред Петре Шилегов кој има рејтинг од 13,2%. 5,4% од граѓаните се одлучиле дека својот глас ќе го дадат за Перо „Камиказа“ кандидатот поддржан од Левица, додека 4.8% ќе гласаат за Бени Шаќири. Дека нема да гласаат за ниту од понудените кандидати се изјасниле 19,2% од граѓаните додека 24,5% не знаат или немаат одговор.

Во однос пак на политичките партии за ВМРО-ДПМНЕ води со 28,2% пред СДСМ чиј рејтинг изнесува 22,7%.