Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска денеска оствари средба со генералниот секретар на Алијанса за Албанците и актуелниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари.
На средбата тие заклучиле дека се потребни квалитетни, ефикасни и брзи решенија за модерни градови.
Како што информира прес-службата на Арсовска, на средбата се дискутирало и за предизвиците со кои се соочува секојдневно градското раководство, како и за тоа како брзо и ефикасно да се постигнат успеси преку имплементација на еден нов пристап на менаџирање.
Таравари, како што се наведува во соопштението, истакнал дека Алијансата на Албанците ги поддржува Арсовска и нејзините проекти на претстојните локални избори.