За да се постигне проактивна и двонасочна комуникација, локалната самоуправа на Општина Аеродром ќе креира мобилна апликација, преку која граѓаните ќе можат да комуницираат со градоначалникот, советниците и општинските сектори, најави кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром на СДСМ и Коалицијата, Александар Филиповски.
-Граѓаните преку оваа дигитална алатка ќе можат да поднесуваат барања, да го следат статусот на својот предмет, во која фаза е, кај кој службеник е распореден, да аплицираат за субвенции за велосипеди, еднократна помош, но и да даваат иницијативи за своето маало, истакна денеска Филиповски.
Тој најави дека урбаните заедници во општина Аеродром ќе прераснат во локални сервиси, кои ќе испорачуваат различни услуги за граѓаните, ќе ги поврзуваат жителите со подрачните единици на министерствата и другите државни органи.