Оваа година славиме 80 години јубилеј од големиот празник 11 Октомври Денот на востанието на македонскиот народ и народностите.
Во Тетово Денот на народното востание 11 Октомври се одбележа со полагање букети цвеќе пред Споменикот на револуцијата, во организација на општинската организација на Сојузот на борци и тетовскиот гарзнизон при касараната Кузман Јосифоски-Питу. Чествувањето започна со интонирање на македонската химна и едно минутно молчење во чест и слава на сите загинати борци во Народно-ослободителна борба и припадници на АРМ.
-Оваа година славиме 80 години јубилеј од големиот празник 11 Октомври Денот на востанието на македонскиот народ и народностите. Затоа со гордост ќе споменеме за 11 Октомври 1941 година кога уште еднаш се разгори револуционериот македонски дух решен својот пат по цена многу жртви и крајни напори да му стави крај на повеќегодишното ропство за на македонскиот народ и да ја изведе Македонија на широките патеки на слободата, решен да му се спротистави на помоќниот, посилниот и подобро вооружен окупатор, истакна Јоцко Димитриевски, претседателрт на Сојузот на борци.
На одбележувањето цвеќе пред Споменикот на Револуцијата положија делегации на општина Тетово, општинската организација на Сојузот на борци Тетово, од касарната „Кузман Јосифовски Питу", општинска организација на СДСМ Тетово, општински комитет на ВМРО ДПМНЕ Тетово,општински комитет на ВМРО Народна партија, тетовскиот ограник на Левица, резервните воени старешини, Одбор на бранители, Здружение на воени старешини, Здружение на пензионери на Тетово, Здружение на Срби и Македонци – КУД Бранко Чајка, Српска заедница регионален одбор Тетово и ученици од ОУ „Андреја Савески-Ќиќиш".