Градежните работници за патишта, кои протестираат, го блокираа централниот дел на Софија. Протестот започна околу 9 часот, јави дописникот на МИА од Софија.
Сообраќајот во оваа област се одвива отежнато.
Денешниот четврти национален протест е пред зградата на бугарската влада Демонстрантите бараат исплата на неисплатени средства. Претставници на соодветената Комора одбија нови средби со привремената регионална министерка Виолета Комитова, и бараат нејзина оставка.
Демонстрантите бараат средба со премиерот на Бугарија Стефан Јанев. Се заканија дека од денеска ќе протестираат секој ден со тешка опрема.