Денот на народното востание – 11 Октомври денеска беше свечено одбележан во Гевгелија со положување цвеќе пред Спомен костурницата на паднатите борци од страна на делегации од локалната самоуправа, боречката организација, политичките партии, невладините организации и граѓани на општина Гевгелија.
На присутните на денешната пригодна манифестација им се обрати професорот по историја во гевгелиската гимназија, Миле Смилков, кој нагласи дека денеска одбележуваме 80 години од денот кога пукнала првата пушка и саможртвата на десетици младинци предводени од КПМ.
–Денес стоиме на ова место за да искажеме почит кон сите паднати борци за денешната слобода, меѓу кои и за 74 херои од Гевгелија и Гевгелиско кои ги положиле своите животи за да може нашиот народ денеска да живее во слободна држава, рече Смилков.