Општинската изборна комисија Македонски Брод во предвидениот рок до 9 октомври прими 120 барања за лица кои поради болест или изнемоштеност побараа да гласаат во домашни услови.

По целосниот преглед на доставените документи, се испостави дека две лица имаат во два наврати доставено идентични документи за домашно гласање, кои комисијата во Македонски Брод ги отфрли и за домашно гласање останаа барањата на 118 лица.

-Бидејќи две лица од примените 120 барања за домашно гласање, имале двојни документи истите се отфрлени од страна на комисијата, додека 118 барања беа комплетни и овие лица ќе ги посетат избирачки одбори ден пред гласањето,17 октомври и тие да го дадат својот глас. Барањата на 118 болни и изнемоштени се од 31 избирачко место во Општина Македонски Брод, а најмногу ги има од избирачко место во месноста Кале, каде 12 лица побарале да гласаат во домашни услови. Од пријавените граѓани во 109 случаи се работи за лица со туѓа нега и девет поради одреден хендикеп, не можат да гласаат надвор од својот дом, истакна Лена Милошеска од ОИК за Македонски Брод.