Анкетите на Прорисрч јасно покажуваат ВМРО-ДПМНЕ со 6.3% пред СДСМ, претседателот Христијан Мицкоски со 5% пред Заев.
Анкетата на Прорисрч покажува дека граѓаните во огромен број даваат поддршка за ВМРО-ДПМНЕ.
Според податоците објавени во медиумите ВМРО-ДПМНЕ ужива поддршка на 26% од испитаниците, по што следува СДСМ со 19,7%.
Убедливо губи и Зоран Заев во однос на претседателот Христијан Мицкоски. Имено претседателот Мицкоски ужива доверба кај 15.5% од испитаниците, наспроти Зоран Заев со 10.6%.
Анкетата на Прорисрч јасно ја отсликува и реалноста која е забележлива на терен помеѓу народот, а тоа се гледа и од собирите и митинзите.
ВМРО-ДПМНЕ убедливо води. Промените се на праг. На 17 октомври се свртува нов лист. Време е да создадеме нова иднина.