Делниците на излезот од Струга се под вода, а не се помалку поплавени и новоасфалтираните патишта, предупредува граѓанскиот активист и адвокат, Ардијан Демири.
– Како граѓанин на Струга, пoсле ова слободно можам да заклучам дека за ваквата грда слика нема никаква логика и оправдување, после сите потрошени пари за реализација овој заеднички проект помеѓу Општина Струга и Светска Банка.Овде има работа и за Основното Јавното Обвинителство во Струга. Вчера при патување од Струга кон Охрид користејќи ја баш таа делница, од големата количина на вода која што беше собрана на патот, за малку при нормална брзина колку што е дозволена, ќе излетав од коловозовот, бидејќи водата ме исфрли.Тие инвестиции очигледно е дека се прават само заради изборни ефекти. Истите се изведуваат без никакви специфични критериуми и квалитет. Она е направено што викаат Србите, да држи воду, док мајстори оду и после што ќе биде понатаму не е битно вели Демири за Алфа.
Тој подготвува тужба против општина Струга. Според него стружани ја спорат изградбата на паркинзи, велосипетски патеки и тротоари., оти градежните активности кои се изведуваат во текот на оваа година им го блокираа пристапот до дома.
- Сеуште ги чекаме непходните вештачења од страна на вештите лица ангажирани во случајот, кој се однесува за изградба без никаков критериум на тротоари, паркинзи, велосипетски патеки, кои што поминуваат и им ги затвораат влезовите на објектите изградени со одобрение за градба,кои таму постојат повеќе од 50-60 години, додава Демири.