На 17 октомври ќе бидат поразени политиките на Заев, време е да создадеме нова иднина.
Македонија поради Заев и Филипче е држава која има најголема смртност од КОВИД во Европа, близу 7000 луѓе ги загубија своите животи, со вакцинација се доцнеше 5 месеци, немаше тестови за КОВИД, 14 луѓе живи изгореа, и никој од власта не презема одговорност.
Половина милион луѓе живеат со по 150 денари на ден, 60.000 луѓе останаа без работа, 5600 фирми се затворија, секој човек е задолжен со по 4.500 евра, а Заев вели дека блескаме.
Земјоделците се на улица, нема производ за кој има откуп, а ако по некоја среќа има, цените се мизерни. БМВ то на Заев чини колку 400.000 килограми оризова арпа.
Нема бизнис кој не е изрекетиран. Економијата е клекната на колена.
Заев не може подобро. Тој го покажа најдоброто од себе, а тоа е криминал, корупција и рекет, во тоа е најдобар.
Време е Македонија да се одлепи од дното, од просекот, од лудилото во кое не внесе СДСМ. Време е да создадеме нова иднина. На 17 октомври сите ние ќе можеме сами да одлучиме дали ќе му дадеме на Заев шанса да ја пустоши Македонија или сакаме државата да тргне напред.