Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата Клик Плус на телевизија 21, потенцираше дека првото нешто што ќе побара од идните градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е веднаш да се откажат од репрезентациите и службените возила

Првата моја реченица која што ќе ја кажам на ново избраните градоначалници од редот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде веднаш да се откажете од репрезентации и веднаш да се откажете од службеното патничко возило. Тоа ќе биде мојата прва реченица до нив, рече Мицкоски.