Во вчерашната емисија „Клик Плус“ во ТВ21, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, истакна дека ако се има во предвид дека институциите се заробени и нефункционални, а се краде и се вршат бизнис интереси, ароганцијата и надменоста на власта не веруваат дека може да се реализира бесплатен јавен превоз, а доколку тоа престане како во ЈСП и ако се работи домаќински и се менаџира се' е остварливо.
-Го споменавте ЈСП, а и самите кажавте дека бесплатниот превоз е еден од проектите на Арсовска, самото тоа кажува дека ќе нема поделба затоа што секој кој ќе го користи јавниот транспорт ќе има можност да го користи тоа бесплатно, а верувајте кога ќе го видите криминалот којшто се прави ќе ви стане јасно дека сето тоа е издржливо ако домаќински се работи правилно се менаџира, не е тоа кажано на памет затоа што Данела доаѓа од бизнис заедницата и точно знае што зборува, истакна Мицкоски.
Мицкоски посочи дека тоа што е кажано и зборувано тоа и ќе се реализира, а поделби и сегрегација за тој проект ќе нема.
Мицкоски говореше дека институциите се нефункционални, дека власта не бара начини да врши реформи туку бара други интереси и тендери, а имаат апсолутна власт во сите институции, а дополнително имаат ароганција па се чувствуваат семоќни, што доведува до тоа да го потценуваат капацитетот на опозицијата оспорувајќи вакви проекти.